Десет годишниот син на актерот Бен Афлек, Семјуел предизвика сообраќајна несреќа кога со „ламборгини“ удри во друг спортски автомобил.
var ai_script = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_viewport (ai_script [ai_script.length – 1]);
Несреќата се случила кога зад воланот на жолтиот теренец „ламборгини урус“ седнал синот на Афлек и почнал да се движи во рикверц и ненадејно удрил во браникот на бело БМВ. По ударот 10-годишниот Семјуел Афлек излегол од автомобилот и ја погледнал штетата, истото го направил и неговиот татко Бен Афлек, а потоа го прегрнал својот син.
Претставникот за медиумите на Афлек за TMZ изјави дека нема штета.
Работник од претставништвото за автомобили, 777 Exotics, изјавил за Пост дека за среќа нема никој повреден, но и дека Семјуел не е виновен бидејќи нивните возила се паркирани многу блиску, еден до друг.