Бившиот играч на Манчестер Јунајтед, Фелаини се степал во ресторан па интервенирала и полицијата

Бившиот играч на Манчестер Јунајтед, Фелаини се степал во ресторан па интервенирала и полицијата

пред 2 години

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Маруан Фелаини, се степал во ресторан во Белгија. Тепачката отишла дотаму што морала да интервенира и полицијата. Фелаини заедно со брат му се степале со двајца мажи, а целиот инцидент бил снимен од безбедносните камери. службите одма почнале со истрага.

Медиумите пренесоа дека тепачката се случила во ресторанот „Лили“ во Брисел околу еден часот по полноќ. Не е позната причината до која дошло до неа, но полицијата морала да ги раздвојува. Фелаини и брат му како и двајцата со кои се тепале, тврдат дека тие не ја почнале кавгата.

„Добивме повик за тепачката во ресторанот и веднаш испративме единица на лице место. Кога стигнаа мораа да ги раздвојуваат. Учествуваа четири лица, меѓу кои и браќата Фелаини. Направен е извештај и покрената е истрага. На основа на она што го снимиле камерите ќе се обидеме да утврдиме што точно се случило и како дошло до целиот инцидент“, велат од полицијата.

За потсетување, Фелаини во моментов игра за кинескиот клуб Шандонг. Деновиве е на одмор и се врати дома. Во кинеското првенство во моментов има пауза. Кариерата Фелаини ја почна во Стандард од Лиеж, а потоа премина во Премиер лигата каде играше за Евертон пет сезони. Потоа во Манчестер Јунајтед помина шест, а од 2019 година се пресели во Кина. За репрезентацијата на Белгија играше на 87 натпревари, а од националниот тим се повлече во 2018 година по мундијалот во Русија.

 

Share
Scroll to Top