Бизнисмен од САД преку видео конференција отпушти 900 луѓе пред Божиќ

Бизнисмен од САД преку видео конференција отпушти 900 луѓе пред Божиќ

пред 3 години

Бизнисменот Вишал Гарг од Америка, кој ја поседува компанијата Better.com, отпушти 900 вработени преку Зум, без никакво претходно предупредување или најава. Тој ги собра сите на видео конференција само неколку недели пред Божиќ, известувајќи ги дека повеќе нема да работат за него.

„Доаѓам со лоши вести. Пазарот се промени, како што знаете, и ние треба да се прилагодиме за да преживееме и, се надевам, да продолжиме да напредуваме и да ја исполниме нашата мисија. Ова не е новост што ќе сакате да ја слушнете Но, на крајот, тоа беше моја одлука и сакав да ја слушнете од мене. Знам дека не сакате да го слушнете ова, но сите присутни на овој состанок се дел од несреќната група која е отпуштена. Веднаш ви завршува работниот однос. Ова не е прв пат да го правам ова. Последен пат кога ова се случи, плачев, се надевам дека овој пат ќе бидам посилен“, рече тој.

По ова, дел од неговиот говор за време на состанокот на Зум беше споделен на ТикТок. Па откако снимката се рашири во јавноста, Гарг обвини стотина вработени дека со својата непродуктивност краделе од нивните колеги и клиенти.

„Дали знаевте дека најмалку 250 отпуштени луѓе работеа во просек по два часа дневно, додека добиваа плата како да работеле повеќе од осум часа? Тие крадеа од вас и крадеа од нашите клиенти, кои ни ги плаќаат сметките. Образувајте се“, изјави тој.

Главниот финансиски директор Кевин Рајан изјави дека отпуштањата во овој период од годината биле шокантни. Но исто така додаде и дека Гарг во ноември лани испратил имејл со навреди до вработените. Тој ги обвинил дека се проклето бавни и ги нарекол куп глупави делфини.

Хипотекарната фирма на Гарг минатиот месец добила 750 милиони долари финансиска поддршка од банката за да продолжи со својот бизнис. Вредноста на компанијата се проценува на 7 милијарди долари.

Share
Scroll to Top