„Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски доби специјална награда во Романија

„Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветановски доби специјална награда во Романија

пред 1 година

Долгометражниот игран филм „Бизнисот на задоволството“ на режисерот Гоце Цветаноски ја доби специјалната филмска награда и статуетка за граѓански активизам на фестивалот „Сим Фест“ во Романија. Филмот беше во официјалната селекција на јубилејното 20 издание.

„Бизнисот на задоволството“ во август беше премиерно прикажан пред македонската публика и одлично прифатен на затворањето на 22. издание на фестивалот на европски филм „Синедејс“. Минатиот месец ја доби и наградата за најдобар долгометражен филм на фестивалот „In The Palace“ во Софија, а со највисокото признание се закити и во Панама на филмскиот фестивал Canal de Panama International Film Festival.

Политичкиот трилер на Цветановски ја следи приказната на новинарка, која опседната со исчезнувањето на нејзината најдобра пријателка, подготвува тајна операција со цел да разоткрие мрежа за трговија со жени. Но, како што нејзините соучесници се приближуваат до шефот, ситуацијата излегува од контрола.

Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Филмот ќе биде и дел од програмата на овогодишното издание на фестивалот „Браќа Манаки“ во Битола.

Share
Scroll to Top