„Бизнисот на задоволството“ патува на Бахамите, од следната недела ќе игра во кината низ Македонија

„Бизнисот на задоволството“ патува на Бахамите, од следната недела ќе игра во кината низ Македонија

пред 2 месеци

Политичкиот трилер на Гоце Цветановски, Бизнисот на заадоволството е селектиран во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал на Бахамите.

Во своето 19-годишно постоење, овој фестивал беше три години под патронат на Шон Конери, а го посетиле многу значајни имиња од филмската индустрија, како Николас Кејџ, Дерил Хана, Лоренс Фишбурн и Џони Деп. Во 2015 и 2018 беше прогласен меѓу 25 „најкул” фестивали на светот од магазинот Мувимејкер (Moviemaker magazine), а слоганот на фестивалот е „Кино во рајот“.

Фестивалот ќе се одржи од 13 до 17 ноември во главниот град на Бахамите – Насау, а Бизнисот на Задоволството ќе биде прикажан во програмата Духот на Слободата.

Ова е 32-ра селекција за филмот на Цветановски кој досега освои 10 меѓународни награди.

Политичкиот трилер од 19 септември ќе почне да се прикажува во кино салите низ Македонија.

Поддржан е од Агенцијата за Филм.

https://www.facebook.com/share/r/wbDztr9nasKn8Wh1/

 

Share
Scroll to Top