Лукашенко е загрижен за народот - „Што ќе правите без мене“

Лукашенко е загрижен за народот – „Што ќе правите без мене“

пред 3 години

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко повторно изјави дека не се држи грчевито за власта поради себе, туку дека е загрижен за иднината на луѓето во земјата.

Тој се плаши дека на власт може да дојде моменталната опозиција.

„Што се однесува до претседателот на Белорусија, многу пати сум зборувал дека тој не се држи на власт со помодрени раце. Не е проблемот во мене. Проблемот е во вас. Што ќе биде со вас, без мене?“, изјавил Лукашенко, а пренесува агенцијата „Белта“,

Претседателот не ја исклучил можноста, дека можеби ја преценува својата улога.

„Но, јас секогаш ги следам ветераните. Вие треба да живеете во оваа земја. А, што ќе биде со вас без мене. Мислите дека опозицијата ќе се сожали на нас или вас? Дали ги имате видено. Дали ќе се сожалат? Ќе ве распарчат на парчиња“, изјавил Лукашенко на митингот за време на поддршката на властите на кои учествуваа и ветерани од безбедносните структури.

Коментирајќи ги носењето на одлуки за важни прашања за земјата, вклучително и уставните промени, Лукашенко изјавил дека ни тие, ни другите структури, нема да донесат одлуки самите, без одобрение на народот.

„Додека сум јас претседател, народот на Белорусија ќе одлучува. Само луѓето ќе одлучуваат. Не самиот претседател, не шефот на администрацијата. Ниту највиските официјални претставници, пратеници, нема самите да одлучуваат. Ќе му дадат збор на народот да одлучува. Ако треба и по 10, 20, 30 прашања. И како народот ќе одлучи, така ќе биде“, истакнал белорускиот претседател.

„Ако народот изненадувачки одлучи дека утре сака да биде во НАТО, Северноатланскиот блок, како овие демонстранти на опоизицијата ги предложува, тогаш ќе влезе во НАТО. Ако народот реши дека земјата ќе се распарчи на парчиња, земјата ќе биде распарчена. Но, ако народот реши да живееме во мирна, спокојна, тивка и културна земја, значи дека ќе живееме во таква земја“, изјавил Лукашенко.

Говорејќи за промените на тактиката на полицијата и нивните постапувања врз учесниците на протестите, Лукашенко напомена дка сите можат да бидат пронајдени и изведени пред лицето на правдата, затоа што современата технологија тоа го дозволува.

„Лошо е што шетаат по Минск, лошо е што се однесуваат дрско. Но, моравме да ја промениме тактиката. Ќе се пронајдеме во мирниот режим. Современите средства ни овозможуваат да го направиме тоа, нешто што и го правиме. И секој ќе одговара за своите постапки. Јас не се заканувам. Работиме во тој правец. И тоа дава одредени ефекти“, објаснил Лукашенко.

За потсетување, масовните протести на опозицијата во Белорусија, почнаа на 9. август, по претседателските избори. Според податоците на Централната изборна комисија, на изборите победи актуелниот претседател Александар Лукашенко, со 80,1 процент од освоените гласови.

Опозицијата не ги призна резултатите од изборите и смета дека победила Светлана Тихановска.

Share
Scroll to Top