Таткото на раперката Ники Минаж загина во сообраќајка

пред 3 години

Таткото на славната американска раперка Ники Минаж, Роберт Марај загина во сообраќајна несреќа, откако во него удрило возило додека се шетал низ Њујорк.

Роберт веднаш бил пренесен во локалната болница во многу лоша состојба состојба. Лекарите велат дека не можеле да сторат ништо и дека тој им подлегнал на повредите.

Ники Минаж засега се нема огласено по овој настан, а тажната вест за јавноста ја потврди нејзиниот потпарол.

Share
Scroll to Top