Здравствените работници во ковид-центрите добија донација од средства за лична заштита како поддршка дека не се сами

Здравствените работници во ковид-центрите добија донација од средства за лична заштита како поддршка дека не се сами

пред 3 години

Средства за лична заштита на здравствените работници кои работат во ковид-центрите низ државата, е само мал дел од хуманитарната акција по повод 7 април, меѓународниот ден на здравјето. Под мотото „Од срце за белите мантили“, Медикус Хелп ја органзираше оваа донација, а покрај тоа организираа и повеќе активности со цел да се крене свеста кај граѓаните да ги почитуваат мерките за заштита и да носат маска.

„Повеќе од една година, лекарите, медицинските сестри и останатите здравствени работници несебично и неуморно, го ризикуваат сопствениот и животот и се во првите редови во битката со пандемијата. Во овие тешки моменти, кога здравствениот систем е соочен со најсилниот бран од пандемијата со Ковид 19 решивме да дадеме поддршка и свој придонес на здравствениот персонал кој е во првите редови во оваа борба“, велат од Медикус Хелп.

Со оваа нивна иницијатива која ќе трае во текот на месец април, од таму велат дека сакаат со заеднички сили и сплотени во една мисла да помогнат на здравствените работници со цел да ги поддржат во битката со Ковид-19 и да им покажат дека не се сами.

Share
Scroll to Top