Бил Гејтс ќе стане дедо, ќерка му Џенифер со сопругот го чекаат првото дете

Бил Гејтс ќе стане дедо, ќерка му Џенифер со сопругот го чекаат првото дете

пред 4 години

Еден од најбогатите луѓе на светот Бил Гејтс ќе стане дедо. Ќерка му Џенифер, со сопругот Најел Насар го чекаат првото дете. Сподели и заедничка фотографија во долг темнозелен фустан. Една од првите кои им честиташе беше мајка ѝ Мелинда која рече дека едвај чека да го запознае внукот.

dobivaj vesti na viber

„Благодарна сум ви. Не можам да бидам повеќе возбудена што конечно ќе го запознаам внук ми, а вас ќе ве видам како родители“, рече Мелинда.

Џенифер и Најел се венчаа во 2021 година, по само четири години врска. Рекоа дека ги споила љубовта кон јавањето, а венчавката ја направија на фарма во Вестчестер. Свршувачката ја објавија година дена претходно во 2020 година. За потсетување, Бил и Мелинда се разведоа во 2021 година по 27 години брак.

Заедно имаат три деца, Рори Џон, Фиби Адел и Џенифер Кетрин. Иако тогаш веќе беа разведени, разликите ги оставија на страна и свадбата на Џенифер ја испратија до олтарот.

Share
Scroll to Top