По четири спонтани абортуси и неверства, вистинската љубов ја доживеа на 50 години: Тажната животна приказна на Одри Хепберн

По четири спонтани абортуси и неверства, вистинската љубов ја доживеа на 50 години: Тажната животна приказна на Одри Хепберн

пред 2 години

Една од најубавите жени во светот и омилени светски глумици, Одри Хепберн, има тажна животна приказна. Родителите ѝ се развеле, мајка ѝ била дел од секта, а таа по два пропаднати брака, четири спонтани абортуси, афери и неверства, вистинската љубов ја пронашла на 50 години.

Одри Хепберн е родена во Белгија на 4 мај 1929 година, како единствено дете на англискиот банкар Џозеф Растон и бароницата Ела ван Хемстра, припадничка на холандската аристократија. Нејзиниот татко дури подоцна го додал презимето Хепберн. Одри има двајца полубраќа од првиот брак на нејзината мајка со холандски благородник.

Само три недели откако се родила, на Одри ѝ се слошило од таканаречената голема кашлица, а срцето ѝ застанало на неколку минути. Нејзината мајка одбила да повика лекар бидејќи била следбеничка на секта која не ја поддржува медицината, па со удари ја оживеала својата ќерка.

Бракот на нејзините родители бил полн со несогласувања. Кога наполнила девет години, нејзините родители се развеле. Подоцна во интервјуа, легендарната актерка изјавила дека никогаш не закрепнала од разводот на родителите. Нејзиниот татко бил симпатизер на нацистите и го напуштил семејниот дом. Одри продолжила да живее со нејзината мајка во Холандија. Подоцна, често пати кажала дека овој настан бил најтрауматичен во нејзиниот живот.

Одри на шест години

Многу години подоцна Хепберн успеала да го пронајде својот татко во Даблин. Бил многу болен, и иако никогаш не се зближиле, таа го поддржувала до неговата смрт.

„Многу тешко ја издржав разделбата на моите родители. Татко ми не остави 1935 година, а мајка ми тогаш ми објасни дека отишол на патување и дека не верувал дека некогаш ќе се врати. Набрзо почна војната и јас бев загрижен дали е добро и дали е воопшто жив. Секој ден му пишував писма за сè што ми се случува, но мајка ми никогаш не ги праќаше затоа што не знаеше каде е. Научив да живеам без татко но станав многу љубоморна на другите девојки кои имаа. На 25 години се осмелив повторно да му напишам писмо. Кога тоа се случи бев доволно зрела и сфатив дека само затоа што замина не значеше дека не ме сака. Собрав сили и отидов да го видам“, откри глумицата во едно интервју.

Мајка ѝ ја учела на аристократски манири уште од најраното детство. Ѝ објаснила дека нејзиното најсилно оружје во секоја прилика треба да бидат женственоста и насмевката. Бидејќи била многу повлечена, нејзината мајка дошла на идеја да ја испрати во англиски интернат за да почне да се дружи со своите врсници.

Таму почнала да посетува балетско училиште. Но кога почнала германската окупација на Европа, таа заминала во Норвешка со нејзината мајка бидејќи мислеле дека таму ќе бидат безбедни. Кога војната стигнала и во таа земја, Одри била принудена да го смени името во Ед на одредено време. Живееле во трошен стан, па се разболела од анемија. Во тие години првпат почувствувала како изгледаат страдањата, кои подоцна ја направиле голем борец за човекови права.

Читала книги и лежела во кревет за да не размислува за глад и со текот на времето дошла на идеја да танцува на улица за да собере пари за движењето на отпорот. Поради неухранетост, нејзиниот метаболизам целосно се променил, па останала слаба во текот на целиот живот.

„Никогаш нема да ги заборавам ужасните сцени што ги видов тогаш. Секој ден носеа камиони полни со Евреи во концентрациони логори. Сè уште се сеќавам на моментот кога видов русокосо момче безбедно како оди во смрт. Носеше неколку поголеми палта и имаше насмевка на неговото лице. Затоа и го посветив животот на работата во УНИЦЕФ“, рекла многу години подоцна Одри, која покрај балетот во младоста сакала и да слика.

По војната, Одри се преселила со нејзината мајка во Лондон. За да преживее, нејзината мајка работела сè, од чистачка до гувернанта. Одри продолжи да работи во балетот, танцувала во ноќни клубови и работела како фотомодел.

„Тоа беше тешко време, но никогаш не плачев за мојата судбина. Мајка ми секогаш шиеше убави фустани и јас не забележував никаква сиромаштија“, изјавила актерката, која својата кариера ја започна 1948 година со мала улога во документарниот филм „Холандија во седум лекции“, а во 1951 година ја добила својата прва голема улога во филмот „Приказни за млади жени“.

Потоа решила да замине во САД. На почетокот глумела исклучиво од финансиски причини за да ѝ помогне на мајка си со трошоците. Но, почнала да глуми во златното доба на Холивуд и со неколку филма стана миленичка на публиката. За нејзините улоги во „Појадок кај Тифани“, „Празник во Рим“ и „Сабрина“ се зборува и денес. Дури и нејзиниот стил и модниот вкус во голема мера влијаат на светот на модата, иако таа почина пред скоро 30 години.

„Елеганцијата е единствената убавина што никогаш не избледува“, изјави во една прилика познатата глумица.

И додека на филмското платно крадеше воздишки од публиката и глумеше сакана жена, ретко кој знаеше дека се соочува со големи проблеми во секојдневниот живот. Пропаднатите бракови и борбата да стане мајка, ја направија еден од најголемите хуманисти, кои до крајот на животот се бореше за децата.

Откако како дете преживеала голем глад и трауми во Втората светска војна, Одри Хепберн на 24 години стекна светска слава со филмот „Празник во Рим“ од 1953 година. Во тоа време таа ја запознала својата прва голема љубов, актерот и режисер Мел Ферер кој зад себе имал веќе два брака и четири деца, а бил 12 години постар од неа. Се запознале на забава во Велика Британија, која ја организирале за премиерата на филмот.

Следната година тие глумеле заедно во бродвејската претстава „Ондин“, a во меѓувреме Одри добила и Оскар за улогата во „Празник во Рим“. Во тој период таа уште повеќе се вљубувала во Мел, па во 1954 година решиле да се венчаат на интимна церемонија во Швајцарија.

Свадбата со Мел Ферер

На почетокот имале среќен брак. Во 1955 година пак глумеле заедно во филмската адаптација на романот „Војна и мир“ на Лав Н. Толстој. Таа година Одри првпат останала бремена, но имала спонтан абортус. Со ваква трагедија се соочила уште три пати во животот.

Во 1959 година, Одри вторпат имала спонтан абортус откако паднала од коњ за време на снимањето на филмот „Непростено“.

Следната година на 17 јули го родила синот Шон Хепберн Ферер. Тогаш решила да мирува и да направи една година пауза од снимањата за да се осигура дека нема да има компликации. По раѓањето на синот, имала уште два спонтани абортуса, во 1965 и 1967 година.

Според сведоштвото на нејзиниот син Шон, Одри била особено тажна од последниот спонтан абортус, затоа што знаела дека девојче, а била во шестиот месец од бременоста.

Појадок кај Тифани

Иако, во јавноста Хепберн и Ферер важеле за златната холивудска двојка, зад затворени врати тие постојано имале проблеми. Ферер бил многу љубоморен и сакал да ја контролира сопругата. Во јавноста се појавиле и гласини дека и Одри и Ферер имаат афери со други луѓе. Но, глумицата не сакала да се разведе бидејќи била дете на разведени родители, па не сакала нејзиниот син да расте во такво семејство.

Проблемите продолжиле и во следните неколку години, па во 1968 година, тие одлучиле да се разведат.

Истата година Одри се омажила за италијанскиот психијатар Андреа Доти. Со него била во брак 14 години. Вториот син, Лука Доти го родила на 39 години. Но и овој брак цело време го следеле скандали за неверства, па во 1982 година се развеле.

Со вториот маж Андреа Доти

Таа својата следна и последна голема љубов ја запознала додека сè уште била во брак со Доти. Во 1980 година, на 51 година, преку заеднички пријатели се запознала со вдовецот Роберт Волдерс, бизнисмен и телевизиски актер. Според Волдерс, тие двајцата почнале да се гледаат додека Одри била во брак со Доти. Кога му ја соопштила веста на сопругот дека има некој друг, тој наводно ѝ рекол:

„Изгледаш многу убаво, мора да си вљубена.“

Одри и Роберт Волдерс

Одри и Волдерс никогаш не се венчале. Но, според глумицата, тоа што го доживеала со Роберт била најголема и вистинска љубов.

„Се сеќавам дека таа на еден новинар му кажа дека вака е поромантично затоа што ова не е само уште едно парче хартија, туку нас нè врзува лојалноста,“ рекол Волдерс во една прилика.

Тие останале заедно се до смртта на Одри во 1993 година. Глумицата почина на 68 години, а последните години од животот ги посвети на грижата за децата во Африка, како амбасадор на УНИЦЕФ.

Одри како амбасадор на УНИЦЕФ

Share
Scroll to Top