Болеста во Индија е резултат на труење со тешки метали

Болеста во Индија е резултат на труење со тешки метали

пред 4 месеци

Мистериозната болест која се појави во Индија, а поради која беа хоспитализирани повеќе од 350 луѓе, е резултат на труење со тешки метали, пренесуваат светските медиуми.

Кај пациентите кои биле заболени од оваа болест, се појавиле симптоми на мачнина, анксиозност, конвулзија и губење на свест, но сите имале негативен тест на коронавирус.

Според извештаите на индиските медиуми, во примероците на крвта, на најмалку десетина заболени од мистериозната болест, биле пронајдени траги од тешки метали, како олово и никел.

„Повеќето од примероците кои итно биле испратени во лабораторијата, биле премалку, но нивните резултати укажуваат на присуство на тешки метали, како олово и никел во крвта на пациентите. Сега чекаме обработка на уште примероци“, изјавил докторот Мохан од болницата Елур.

Во моментов во болницата се наоѓаат 84 пациенти, кои наскоро треба да бидат отпуштени од одделението. Државниот секретар Јаганмохан Реди, ја известил јавноста дека сѐ уште не е утврдено потеклото на болеста и дека специјални медицински тимови, работат на детално истражување.

Share

AnimeDao tower of god animedao: Watch Kimetsu no Yaiba: Yuukaku-hen Episode Preview (https://animedao.nl/m/XWr2/ep-1)

AnimeHeaven animeheaven dragon ball super: Your Lie in April (https://animeheaven.pro/m/EDo) Episode 22

Scroll to Top