Бочварски го проба летот Софија – Скопје кој траеше 35 минути

пред 5 години

Министерот за транспорт Благој Бочварски го проба првиот лет Софија – Скопје, кој траеше 35 минути. Тој утрово слета на аеродромот во Скопје, па на Фејсбук објави фотка од летот и ги напиша почетната и крајната дестинација.

Со Бочварски беа и членови на македонската и бугарската делегација, бугарскиот министер за транспорт Николај Сабев, но и туроператори од двете држави. Ова беше првиот лет кој директно ги поврза главните градови на Македонија и Бугарија.

Share
Scroll to Top