Бритни Спирс ја загуби судската битка со нејзиниот татко

пред 6 месеци

Судот во САД го отфрли барањето на славната поп-пејачка Бритни Спирс за отстранување на нејзиниот татко како доверител на нејзиниот имот, пренесуваат светските медиуми.

Џејми Спирс цели 12 години е законски управител на имотот на неговата ќерка поради нејзините проблеми со психичкото здравје. Адвокатот на Бритни Спирс изјави дека таа се плаши од својот татко и не се чувствува безбедно додека тој ги контролира нејзините средства. Адвокатот на нејзиниот татко, пак, тврди дека тој секогаш постапувал во интерес на својата ќерка.

Судијата одби да го отстрани Џејми Спирс како доверител на имотот на неговата ќерка Бритни Спирс, но рече дека ќе ги разгледа идните молби за негово суспендирање или смена. Судијата на барање на пејачката одобри финансиската компанија „Бесемер траст“ да биде назначена за дополнителен доверител покрај нејзиниот татко.

Share

ANIMEFLIX hotarubi no mori e animeflix: Hunter x Hunter Episode 148

AnimeHeaven anime heaven au: My Hero Academia (Dub) (https://animeheaven.pro/m/YXqz) Episode 13

Scroll to Top