Актерот Брус Вилис (68) откако се повлече од Холивуд ретко се појавува во јавност, но деновиве беше снимен додека се вози низ Лос Анџелес. Фотографите ги направија случајни минувачи кои го видоа низ прозорецот на црн теренец. Ова беше едно од неговите ретки излегувања во друштво на пријатели.
Ги поздрави и покажа дека е подобар. Минатата година му беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција, најчеста форма на рана деменција, а претходно дијагностицирана афазија, форма на болеста која предизвикува когнитивни потешкотии, односно влијае на говорните способности.
Поради тоа Вилис мораше да се повлече од Холивуд. Режисерот Квентин Тарантино (60) сега сака да му оддаде почит во неговиот нов филм, пишуваат светските медиуми. Ќе му биде понуди епизодна улога во неговиот десетти и последен филм The Movie Critic, чие снимање започнува во септември.