„Будење со Јулија“ и во Србија: пејачката и водителка кани на својот мотивацсики говор

„Будење со Јулија“ и во Србија: пејачката и водителка кани на својот мотивацсики говор

пред 3 години

Пејачката и водителка Јулија Мациевска, откако ја изгуби својата мајка пред неколку години, стана тренер за личен раст и развој. Откако нејзината работа како мотивационен говорник вроди со успех, реши да ја прошири работата и во Србија . Таа со отворена порака на Фејсбук ги кани своите тамошни пријатели „Будење со Јулија“.

„Хероите не стануваат големи во пријатните периоди од нивниот живот. Големите и благородни души на овој свет стануваат силни и морални кога ќе бидат одлучни во бурите на неволји и сомнежи. Кога ќе се соочиме со нашите најголеми слабости, ќе добиеме шанса да ја искалиме нашата најголема сила. Затоа, вистинската моќ не потекнува од пријатен живот, туку од интензивен напор, посветена дисциплина и постојана акција во насока за кое вашето суверено „јас“знае дека е во исправно. Да продолжиме, тогаш кога до болка сакаме да запреме, да напредуваме кога сакаме да се откажеме, да продолжиме кога ќе почувствуваме желба да кренеме раце“, вели Јулија

Budjenje?????
Heroji ne postaju veliki u prijatnim periodima svoga zivota.Velike i blagorodne duse ovoga sveta,postaju…

Posted by Julija Macievska on Thursday, May 6, 2021

Јулија годинава откри за јавноста дека нејзината ќерка боледува од канцер на дојката, за кои и двете се убедени дека накрај ќе излезат како победници.

„Од инвалидска количка кога влегов на Онкологија, денес излегов на нозе“, ќерката на Јулија за борбата со ракот

 

Share
Scroll to Top