„Вакцината против корона влијае на хомосексуалноста“-бизарно тврдење на израелски рабин

„Вакцината против корона влијае на хомосексуалноста“-бизарно тврдење на израелски рабин

пред 4 години

Израелскиот рабин Даниел Асор ги предупреди луѓето да не примаат вакцина против коронавирус, затоа што поради тоа ќе станат хомосексуалци.

Тој исто така рече дека целата светска вакцинација е дело на „злобна светска влада“, која сака да „воспостави нов поредок во светот“.

„Секоја вакцина направена од ембрионален супстрат  (а имаме и докази за тоа)  предизвикува спротивни тенденции. Вакцините се земаат од ембрионалната база, а тоа го сторија и тука“, напиша тој во изјавата, алудирајќи на хомосексуалноста, пренесува порталот „Israel Hayom“.

По неоснованото и штетно воспоставување поврзаност помеѓу вакцината и хомосексуалноста, Асор продолжи да тврди дека во разните теории на заговор има и вистина во врска со пандемијата на COVID-19.

Тој ги нарече Светската здравствена организација и компаниите за производство на вакцини, како Фајзер и Биотек, криминални организации, тврдејќи дека вирусот е намерно ослободен со цел да се намали глобалната популација.

Израелската геј организација Хаврут даде саркастичен одговор на ваквите неосновани тврдења на Асор, велејќи дека ако вакцината ја промени сексуалната ориентација на некое лице, тогаш едвај чекаат да ги поздрават новите членови.

 

Share
Scroll to Top