Валентино Роси e позитивен на коронавирус

Валентино Роси e позитивен на коронавирус

пред 7 месеци

Деветкратниот светски шампион, Валентино Роси е позитивен на коронавирус, пренесуваат светските медиуми.

Тој ќе биде првиот Мото ГП возач кој ќе пропушти трка поради позитивен тест на КОВИД-19.  „Докторот“ потврди дека нема да се трка овој викенд во Арагонија, а не е сигурен ниту за следниот викенд на истата патека.

Роси потврди дека сам побарал да биде тестиран на КОВИД-19, откако имал мала треска кога се разбудил во четвртокот. Брзиот тест бил негативен, но стандардниот го потврдил позитивниот тест во 16 часот попладне.

Отсуството на италијанскиот ветеран од Арагонија следува откако шест инженери на неговиот тим, вклучувајќи го лидерот на М1 проектот, Такахиро Суми ја пропуштија трката во Ле Ман минатиот викенд поради позитивен тест.

Со ова се продолжува лошата сезона за Роси, откако во последните три трки во низа тој излета по што е само 13. во генерален пласман.

Share

AnimeHeaven anime sites: Watch The Rising of the Shield Hero Season 2 Episode 1-Preview (https://animeheaven.pro/m/ddEk/ep-1)

KissAnime free anime: Watch Fairy Tail Episode 84

Scroll to Top