Шест медали за Македонија на јуниорската олимпијада по природни науки во Дубаи

Шест медали за Македонија на јуниорската олимпијада по природни науки во Дубаи

пред 2 години

Македонските ученици освоија шест медали на 18. Јуниорска олимпијада по природни науки која се одржа во Дубаи од 12 до 21 декември. Таа се одржа според хибриден модел, па така еден лидер присуствуваше на самото место, а останатите учениците ги решаваа проблемите на далечина, на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Македонија имаше шестмина учесници и сите добија трофеј. Алексеј Тасиќ, ученик во прва година во ПСУ „Јахја Кемал“ од Скопје, освои сребрен медал, додека Иван Костевски, Марио Ванчоски учници во  „Славчо Стојменски“ од Штип и  Андреј Стојановски, Матеа Митревска од  „Јахја Кемал“ од Скопје, како и Теона Ана Георгиевска, од  „Љубен Лапе“ од Скопје, освоија бронза.

На претходната Олимпијада во Доха во 2019 учениците од Македонија освоија пет медали. Овојпат учествуваа 360 деца од 59 држави од сите континенти. Тие Шест медали за македонија на јуниорската олимпијада по природни науки во дубаирешаваа теориски и експериментални проблеми по физика, хемија и биологија.

Share
Scroll to Top