Ванеса Брајант ги реши преостанатите тужби против Лос Анџелес за злоупотреба на фотографии од хеликоптерската несреќа во која загинаа нејзиниот сопруг Коби Брајант и ќерката Џиана за речиси 30 милиони долари.
Минатиот август, на сопругата на Коби Брајант ѝ била досудена отштета од 15 милиони долари од судот поради фотографиите од хеликоптерската несреќа во 2020 година во која загинаа американската кошаркарска ѕвезда и неговата ќерка Џијана, кои беа обелоденети, а остатокот од решавање на преостанатите тужби се случи во вторникот и се однесува на тврдењата на државата за повреда на приватноста.
Сопругата на Коби исто така, ги донела двете најмлади ќерки, Капри и Бјанка, за да ја финализираат спогодбата.
„Денеска го означува успешното завршување на храбрата борба на г-ѓа Брајант да бара одговорност од оние кои учествуваа во ова гротескно однесување. Таа се бореше за нејзиниот сопруг, ќерка и сите оние во заедницата чие починато семејство беше третирано со слично непочитување. Се надеваме дека таа ќе победи на судењето и дека оваа спогодба ќе стави крај на оваа практика“, рекол Луис Ли, нејзин адвокат.
Ли претходно изјави дека Брајант ќе ги донира приходите од тужбата на нејзината спортска фондација „Мамба и Мамбасита“, која оддава почит на нејзиниот покоен сопруг и ќерка.
Предмет на судењето беа фотографии од остатоците од хеликоптерот, како и телата на жртвите. Обвинителите тврдеа дека фотографиите на нивните најблиски предизвикале емоционална вознемиреност и ја нарушиле нивната приватност. Тие сведочеа дека живеат во страв дека фотографиите би можеле да се појават, и покрај тврдењето на округот Лос Анџелес дека се уништени.
На 26 јануари 2020 година, Коби Брајант (41) и неговата ќерка Џана Брајант (13) загинаа во хеликоптер со уште седум лица. Хеликоптерот се урна во услови на магла надвор од Лос Анџелес.