(Видео) Американски пратеник го однел синот на работа, момчето сега е интернет ѕвезда

(Видео) Американски пратеник го однел синот на работа, момчето сега е интернет ѕвезда

пред 6 месеци

Американскиот пратеник Џон Роуз одржа незаборавен говор. Но, не поради тоа што го кажа, туку поради неговата придружба. Згора на тоа, сите што го гледаа неговиот говор тешко се концентрираа на она што го зборува Роуз, а причината за тоа беше она што се случуваше зад него.

Имено, Роуз го однел својот син Гај на работа. Момчето го украде целото внимание додека правеше гримаси пред камерата, а неговиот татко држеше говор за Доналд Трамп.

Сепак, ситуацијата е уште посмешна бидејќи Роуз немала поим што прави неговиот син пред камерите додека го држел својот говор.

Роуз објави клип од говорот на своите социјални мрежи.

„Ова го добивам кога му кажувам на мојот син Гај да се насмевне на камерата за неговиот помал брат“, напиша пратеникот.

Share
Scroll to Top