Неколку дена по финалето на „Ѕвездите на Гранд“, Лепа Брена и Саша Поповиќ направија голема прослава по повод крајот на сезоната, но и продажбата на продукцијата, наводно за 30 милиони евра.
Брена сподели две видеа на својот инстаграм-профил.
„Ви благодарам на сите за овие години. Прослава на сите вработени во ‘Гранд’“, напиша таа на една од објавите.
Голем број познати личности дојдоа да ја зголемат веселбата, а гостите ги забавуваше Милица Тодоровиќ.
Меѓу нив беше водителката Сања Кужет, продуцентот на „Гранд“, Жика Јакчиќ, пејачот на фолк-музика, Ацо Пејовиќ, водителот Воја Недејковиќ, пејачките Марија Шерифовиќ и Џејла Рамовиќ, побединикот на годинешната сезона на „Ѕвездите на Гранд“, Махир Мулалиќ, како и Боба Живоиновиќ, кој ги кител музичарите со пари.