„Депеш мод“ објави нов албум

„Депеш мод“ објави нов албум

пред 1 година

Британскиот  бенд „Депеш мод“ денеска ќе го објави новиот, 15-ти студиски албум „Memento Mori“. А, овој наслов е избран уште пред смртта на еден од основачите на групата – клавијатуристот Енди Флечер.

Смртта на Флечер само потврди дека албумот треба да се вика така. Иако мислевме дека е добар наслов, сега мислиме и дека е фер да го наречеме така, изјави гитаристот Мартин Гор.

Познатиот Флечер почина на 60-годишна возраст во мај 2022 година, од ретка васкуларна болест. Иако некои го сметаат за спореден музичар во составот, тој беше врската меѓу двајцата лидери на бендот – Гор и пејачот Дејв Геан, кои „никогаш не биле најдобри пријатели на светот“, според наводите.

– Флеч беше тој што доаѓаше да ми каже – Мартин не сака ова или она. Сега тој веќе не е со нас, па јас и Мартин мораме да разговараме. Моравме повторно да комуницираме и тоа го одбележа албумот, изјави Геан неодамна за медиумите.

Пејачот додаде дека Мартин при снимањето на албумот, имал впечаток дека „го пронашол одамна загубениот брат“, говорејќи за Гор.

Share
Scroll to Top