(Видео) Во Белгија се отвора првиот пивски спа-центар

(Видео) Во Белгија се отвора првиот пивски спа-центар

пред 3 години

Во Белгија се отвора првиот пивски спа центар, пренесуваат светските медиуми. Отворањето е закажано за четврти јуни во Брисел, а посетителите ќе имаат можност да се опуштат во основната состојка од која се прави пивото, хме и јачмен.

Основачот на спа центарот е Бенедикт Бијебујк и неговата девојка. Тие идејата за отворањето на ваков спа центар ја добиле по нивната посета во Чешка, пренесува „Ројтерс“.

Бенедикт вели дека смесата за џакузи ја прави со мешавина на хме, квасец и ‘ртена житарица слад, во комбинација со пиво. Клиентите во оваа мешавина треба да седат 45 минути, пренесува „Ројтерс“.

Пред отвораењто, спа центарот прво ќе го испробаат на нивните соседи и пријатели, вели Бенедикт. Сите заинтересирани сега ќе можат да резервираат џакузи за две лица, по цена од 115 евра, а како што пренесуваат медиумите, во цената е пресметано и неограниченото пиење пиво.


Ќе ви се допадне

Share
Scroll to Top