Колин и Дона Крег-Браун го откопаа од нивната нива во Нов Зеланд најголемиот компир во светот. Компирот тежи речиси 7,9 килограми, а Колин и Дона му го дале името Даг. Велат дека тој станал познат како некои славни личности.
„Не можевме да поверуваме кога го откопавме. Беше огромен. И не беше многу убав. Напротив изгледаше грдо. Имаше мутански изглед“, рекоа тие.

Колин прво го видел кога со вилата загребап по неговата површина. Тој пробал малку од него и сфатил дека станува збор за компир. Тие му направиле мала количка на која го влечеле.
„Му ставивме и шешир. Објавивме негови слики на Фејсбук, го водевме на прошетка, го изнесувавме на малку сонце. Беше забавно. Неверојатно е колку луѓето се забавуваа со него“, рече Дона.

Во моментов, според Гинесовата книга на рекорди, најголемиот компир е чудовиштето од Британија од 2011 година тежок 5 килограми. Даг вели дека и тие го прајавиле нивниот компир во Гинис и сега чекаат да им се јават.
Тие велат дека немаат некакви тајни за одгледување земјоделски производи. Обично во нивните фрлаат ѓубре од крава и слама, па чекаат да видат што ќе се случи. Тие велат дека во својата градина не засадиле компири туку само крставици.

„Даг сигурно бил самозасеан и многу е веројатно дека растел неколку години, па може и повеќе. Тоа беше вистинска мистерија за нас. Едно од оние мали пријатни изненадувања на природата“, рече Дона, која објасни дека Даг не бил лесен за одржување.

Кога го ископале тој почнал да се суши и да губи на тежина. На крајот го исчистиле и ставиле во замрзнувач. Колин вели дека сака од Даг да направи вотка.
Ќе ви се допадне
Би можело да ве интересира
Странски инвеститор заинтересиран да го купи Вардар
Бредли Купер нема да дојде на премиерата на неговиот нов филм „Маестро“ на филмскиот фестивал во Венеција
Француска супа за пилешко со зеленчук
Дали мистериозниот дрон кој падна во Загреб е порака за некого? Ист случај настанал во 1987 година во Москва кога еден млад Германец го понижи СССР
Подводната новогодишна елка на дното на Охридското Езеро пак е украсена откако лани пандемијата ја прекина традицијата
Поранешнот водител Гоце Андреевски се венча со својата девојка Даниела
