(Видео) Двоглавата желка Јанус го прослави 25. роденден

(Видео) Двоглавата желка Јанус го прослави 25. роденден

пред 1 година

Желката со две глави која се родила во Природнонаучниот музеј во Женева се верува дека е најстарата бицефалична желка во светот.

За желката се грижи Анѓелика Буржоан, како и тим негуватели и ја хранат со органски произведена салата. Покрај тоа, Јанус секојдневно се масира и се капе со зелен чај и камилица.

 

Двоглавата желка редовно оди на прошетки, понекогаш со музика и се вози на скејтборд направен по нарачка. Желката е под постојан надзор бидејќи во случај да падне, па последиците би биле фатални.

Имајќи предвид дека има две глави, има и две личности, пренесува Ројтерс, кои доведуваат до различни расположенија, а повремено може да бидат и во конфликт, на пример кога желката треба да избере во која насока да се движи.

Јанус, инаку, е грчка желка именувана по двоглавиот римски бог.

Изведен е во 1997 година во Природонаучниот музеј во Женева, кој и подготви роденденска прослава.

Share
Scroll to Top