Во Крушево, на 8. септември, легендата на македонската песна Драган Мијалковски имаше настап и со тоа се врати на музичката сцената во полн сјај. Во овие времиња, на кич и шунд, конечно нешто што потсетува на некои поубави времиња, коментираа во публиката која беше во огромен број за да ги чуе безверменските македонски песни кои ги отпеја Мијалковски.
Настапот на Драган беше придружуван од голем оркестар, а концертот почна симболично токму на Денот на независната. Мијалковски беше во топ форма, а „Дојди Лено на перниче бело“, ја крена публиката на нозе која уживаше во секоја песна.
Зад овој настан стои Радио Бубамара, кои велат: „Почнавме убава приказна, го обележуваме големиот јубилеј 60 години музичка кариера на нашиот Драган, нашата музичка легенда која ќе се случува во наредните 18 месеци низ Македонија. Ќе прославуваме и уште еден голем јубилеј „30 години Радио Бубамара“ следуваат нови песни и нов албум велат од Бубамара.
Следниот настан е закажана на 12 септември на Млечен ресторан на отворање на Карпошово лето.