Во краток бел фустан и одлично расположена Северина ги изведе своите хитови на летната сцена во Макарска.
На сцената додека пееше Северина се појави нејзина пријателка со која ги поминала најубавите моменти во животот и заедно со публиката ја пееја песната „Вирујен у те“.
Северина ја гушкаше и плачеше додека нејзината пријателка Франческа пееше на микрофон.
„Франческа Берош е од Макарска, мојата Миа тие се двете најдобри девојки што ги знам, а периодот кога живеевме трите е еден од најубавите во мојот живот. Заедно патувавме, се смеевме, плачевме. Франческа беше таа која цело време пееше, како славеј“, напиша Северина на емотивното видео.