Поранешниот премиер Зоран Заев заедно со ексминистерот за здравство Венко Филипче се во Грција каде на мотори се возеа во градот Делфи. Со мотоцикли од 1.600 кубика и негови иницијали на регистерските таблици, Заев тргна од Скопје на форум во Делфи.
Како што изјави за грчкиот медиум voria.gr, на 22 април тргнал од Скопје со својот мотор во Делфи каде ќе зборува на форумот. Возел во областите на западна Грција, а потоа возел на Пелопонез и на крај застанал во Делфи. Потоа патувањето ќе го продолжи во Солун, од каде ќе замине на Халкидики каде што има викендица, која ја посетува секое лето.
Грчките новинари го прашаа дали се среќава со луѓе кои се противат на Договорот од Преспа.
„Има многу Грци кои се радуваат на договорот, ама има и такви кои се противат и велат не им се допаѓа, но ме сакаат и почитуваат и велат дека сум добар човек“, рече Заев. Премиерот кој е познат моторџија, претходно возеше мотор и со екс министерот за надворешни работи, Никола Димитров.