Изнемоштен коњ падна среде улиците на Њујорк, пренесоа светските медиуми. И покрај тоа што беше изморен, стопанот го удираше и влечеше за уздите за да стане.
„Стани“, му викаше, додека низ прометната њујоршка авенија се создаде сообраќајна гужва. На голем број од луѓе кои се собраа, не им се допадна начинот на кој се однесуваше кон животното.
„Како би ти било тебе така некој да те влече и да те удира?“, биле некои од нивните коментари.