(Видео) Како Тито и Јованка слевеле Нова година

(Видео) Како Тито и Јованка слевеле Нова година

пред 4 години

Нова година во поранешна Југославија како државен празник била прогласена 1955 година. Наместо Дедо Мраз, централна маскота требало да биде девојка во народна носија, симбол на новата иднина. Но, најголема ѕвезда на дочекот секоја година бил Јосип Броз Тито. Тој Нова година најчесто славел во Белград, во друштво на сопругата Јованка и наблиските политички соработници.

На 1 јануари на радио секоја година била пренесувана неговата честитка до граѓаните. Претседателот најчесто го забавувале драмски уметници, но и естрадни ѕвезди. Му свирел оркестарот на Гардата на ЈНА, пеела Тереза Кесовија, Арсен Дедиќ, Миро Унгар и многу други.

Share
Scroll to Top