Во провинцијата Хебеи во Кина луѓето почнаа да градат паметни фарми, со чија технолија можат да дојдат до квалитетен развој на земјоделството. Овие фабрики за билки користат вештачки извори на светлина, а во нив билките се одгледуваат со хранлив воден раствор.
На тој начин се постигнува рамнотежен раст на билката во текот на целата година. Дигитализацијата на оваа фабрика за билки претставува правец за развој на земјоделието во иднина.