(Видео) Лара Иванова промовираше спот, песната „Душа“ е нов хит на младата пејачка која ја освојува музичката сцена

(Видео) Лара Иванова промовираше спот, песната „Душа“ е нов хит на младата пејачка која ја освојува музичката сцена

пред 3 години

Младта поп-пејачка Лара Иванова го промовираше видео спотот за  песната „Душа – темата со која настапи на 36-то издание на „Макфест“. Музиката, аранжманот и продукцијата се на Иле Спасев, а тексот е на Робин Зимбаков. Видеото е на Владимир Митревски – Ѓуле.

Лара Иванова, на 17 години го живее својот музички сон. За неполна година таа промовира три песни: „Некогаш ќе помине“, „Осамена“ и „Кој е сега крив“, и сите три веднаш станаа хитови. Песните се пуштаат на радијата, публиката ги пее, а во јавноста коментираат дека Лара е вистинско освежување на сцената.

Лара е ученичка во средното музичко училиште „Илија Николовски Луј“, на одделот за класичен балет.

„Искрено, не мислев дека толку млада ќе имам неколку хитови. Напорно работев од почетокот и трудот и посветеноста за кратко вродија со плод. Отсекогаш посакував да бидам пејачка, да имам свои песни и да настапувам, тоа не е фаза низ која минувам. Токму затоа и се запишав во музичкото училиште“, ни откри Лара неодман за „Репортер“.

Share
Scroll to Top