(Видео) Маж почина откако бил прободен од бик на улична трка во Шпанија

(Видео) Маж почина откако бил прободен од бик на улична трка во Шпанија

пред 3 години

Педесет и петгодишен маж почина откако бил прободен на улична трка со бикови во шпанскиот град Онда. Несреќата се случила за време на фестивалот Фира де Онда. Мажот веднаш бил однесен во болница во соседниот град Виљареал, каде починал.

Тој се здобил со тешка поврда на главата, а бикот му ја пресекол и артеријата во левиот бут. Властите на Онда кажаа дека по несреќата ги откажале останатите трки со бикови, но не и целиот фестивал.

Ова е прв смртен случај на вакви фестивали во Шпанија откако тие повторно почнаа да се одржуваат ова лето. По несреќата, во Шпанија повторно се отвори дебата дали вакви трки треба да бидат укинати. Најпознатата улична трка со бикови е онаа во Памплона, каде што 16 учесници загинале од 1910 година.

Share
Scroll to Top