„Јовано Јованке“, „Црно и бело“ се само дел од македонските песни кои момче од САД ги пее на македонски јазик. Станува збор за Џастис Ридс. Тој е роден во САД и вели дека цел живот знаел само англиски јазик и не ни знаел каде е Балканот, но откако со едно видео станал хит продолжил да снима видеа за луѓето на Балканот. Вели дека најголемиот број на следбеници на неговиот ТикТок профил сега му се токму од таму.
@justus_reid Reply to @macedoniafor.ever you guys got to help me out? #macedonia #balkan ♬ original sound – Justus Reid
Тој пее песни од Србија, Хрватска, Албанија, Босна и Херцеговина, а од пред некое време по барање на фановите, почнал да пее и македонски песни.
„Јовано Јованке“ е само една од македонските песни кои ги има отпеано, а последната во низата му е „Црно и бело“ на Калиопи.
@justus_reid Reply to @djokoblazhevski how did I do? #macedonia #balkan ♬ original sound – Justus Reid
И Калиопи воодушевена сними видео каде пее паралелно со него и на нејзиниот профил сподели:
„Ова видео од ТикТок профилот на еден млад Американец дојде до мене пред два дена, благодарение на моите фанови. Ми се допаѓа неговата изведба на „Црно и бело“, толку многу што се одлучив за дует опција на неговата објава.