(Видео) Македонските диџеи се враќаат на сцената преку Room 313

(Видео) Македонските диџеи се враќаат на сцената преку Room 313

пред 3 години

Во време кога ноќните клубови не работат, а фестивалите не се одржуваат, промотерската асоцијација Room 313, која промовира модерна музика на својот ЈуТјуб канал, ја имаа првата епизода од серијалот „онлајн тејковер“. Епизодата е снимена во напуштени оранжерии, a во главната улога се појавува DJ Alexandar, кој има долгогодишно искуство како диџеј.

„Овие онлајн настани ги организираме за да опстоиме на сцената како диџеи и промотери, бидејќи тоа не исполнува и сакаме да го работиме. Оптимистички веруваме дека ќе се случи нова ера на клупската култура по овој период и дека ќе има нова клупска и фестивалска еуфорија и позитивна енергија. До тогаш ќе се обидеме да реализираме неколку епизоди во кои ќе промовираме диџеи со свои сетови, снимани на интересни локации кои претходно не биле користени за настани од ваков вид“, вели Митрик Александар од Room 313.

Во првата епизода, насловена како Glasshouse takeover, има музички избор кој оди од прогресивен хаус до мелодично техно.

Share
Scroll to Top