(Видео) Навални го обвини Путин дека има дворец на Црното море од милијарда евра

(Видео) Навални го обвини Путин дека има дворец на Црното море од милијарда евра

пред 4 месеци

Главниот опозицонен критичар на Кремљ, Алексеј Навални, кој беше уапсен во неделата откако се врати од Берлин, тврди дека претседателот на Русија, Владимир Путин, има своја резиденција на Црното море, со хоеарски терен, кино, стриптиз клуб, казино и подземна црква.

Тоа како што тврди Навални, е дел од морето на луксузни објекти кои ги поседува Владимир Путин, пренесува „Дејли Мејл“.

Навални тврди дека е изградбата на резиденцијата чинела милијарда евра и дека се простира на површина од 7.000 хектари. Уапсениот блогер, два часа пред апсењето закачи на интернет фотографии од внатрешноста на објектот, а за само два часа, собра три милиони кликови.

Фотографиите можат да се видат на сајтот palace.navalny.com. Од Кремљ велат дека станува збор за апсурдна измама и дека Навални на овој начин сака да изнуди пари.

Извештаите и фотографиите за наводната раскошна палата на Путин се апсурдни, изјавил портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, наведувајќи дека ваквите измами се насочени кон извлекување на пари од јавноста.

„Постојат некои необични броеви на крајот од овој чудесен извештај, како и молба за испраќање на пари. Изгледа дека тоа е главната цел на овие публикации и лажни новинарски истраги“, нагласил Песков, а пренела агенцијата „ТАСС“.

Тој додал и ги замолил сите, по големиот број прегледи на страната, двапати да размислат пред да испраќаат пари на измамници. Песков нагласил дка Кремљ го забележал извештајот кој го путшил блогерот на Антикорупцискиот фонд, Алексеј Навални.

„Долго време бевме свесни за нападите врз шефот на државата. Тоа се случувало и во минатото и за жал ќе се случува и во иднина. Рускиот претседател е обвинет за работи кои не ги поседува, тој секоја година го пријавува својот имот и тие информации се достапни за јавноста“, изјавил Песков.

Share

AnimeHeaven anime heaven au: Watch My Hero Academia 3 Episode 8 (https://animeheaven.pro/m/0yQr/ep-8)

GoGoAnime overlord gogoanime: Re:ZERO -Starting Life in Another World- (https://gogoanime.be/m/EGo) Episode 25

Scroll to Top