Сејшели се отвара за туристи откако стана прва држава со колективен имунитет

Сејшели се отвара за туристи откако стана прва држава со колективен имунитет

пред 3 години

Сејшели е првата држава на светот која постигнала колективен имунитет против ковид-19 благодарение на вакцините донирани од Индија и Обединетите Арапски Емирати. Земјата планира да се отвори за сите странски туристи, освен од Јужна Африка, на 25 март, кога веќе нема да биде задолжително да се оди во хотелски карантин. Сејшели има 115 острови и до сите нив ќе може слободно да се патува.

Сејшели почна со имунизацијата во јануари. Веќе кон крајот на февруари скоро 44% од населението имаше примено по две дози од вакцината. Се очекуваше до средина на март ова да порасне на повеќе од 70%, колку што е потребно за да се постигне колективен имунитет.

Сејшели доби 50.000 вакцини на „Синофарм“ од ОАЕ и исто толку дози на „АстраЗенека“ од Индија.  „Имунизацијата беше навистина успешна. Сега дојдовме до точката кога можеме дополнително да ги отвориме границите и да ја обновиме економијата“, изјави министерот за надворешни работи и туризам Силвестре Радегонде.

Share
Scroll to Top