Додека целата спортска фела се прашува дали Новак Ѓоковиќ ќе настапи на Австралија Опен во Мелбрун, најдобриот светски тенисер реши да се опушти и да се загрее со тенис среде улица во Нов Белград. На социјалните мрежи се појави и видео како разменува удари, но нејасно е со кого.
Novak Djokovic, playing tennis on Christmas Day in Belgrade ?
Footage from today!! @DjokerNole #djokovic @NovakFanClub
?: https://t.co/3uAvv1CrI2 pic.twitter.com/VIHxPSGwEn
— Julie ???? (@NDjokofan) December 25, 2021
За потсетување, вчера се појави информација дека Ѓоковиќ нема да игра во АТП купот, а неизвесноста околу неговото заминување во Австралија трае веќе неколку месеци. Причината за тоа е што Австралијците бараат задолжителна потврда за вакцинацијата на играчот, а Новак не сака да открие дали е вакциниран или не.
Досега девет пати го освои Австралија опен, а во Мелбурн треба да атакува на десеттата титула и рекордната 21. од Грен слем турнирот.