НАСА објави панорамско видео со кое одбележува десет години од истражувањето на Марс со помош на роверот Curiosity.
Видеото ја прикажува внатрешноста на кратерот Гала, како и локациите на кои престојувал роверот Curiosity и каде се движел. Исто така, видеото е доказ дека во текот на зимскиот ден без прашина во воздухот видливоста е одлична дури и на повеќе од 30 километри.
Панорамското видео го покажува патувањето на Curiosity до Моунт Шарп. Научниците се надеваат дека ќе дознаат повеќе информации за тоа како Марс останал без вода и колку време било потребно за да стане како пустина.