(Видео) Баба на 101 година лови јастози во Атлантски Океан

(Видео) Баба на 101 година лови јастози во Атлантски Океан

пред 3 години

Вирџинија Оливер на 101 година лови јастози во Атлантскиот Океан со својот син Макс (78) и не планира да се пензионира.

Вирџинија почнала да работи на рибарскиот брод на нејзиниот татко кога имала осум години, брзо пред Големата депресија во 1929 година. Откако се омажила и одгледала четири деца, таа се вратила на работа и со својот сопруг ловеле јастози на нивниот семеен брод. Откако нејзиниот сопруг починал пред 15 години, таа сега плови со својот син Макс.

Вирџинија работи три дена во неделата, од мај до ноември. Таа ја проверува големината на јастозите и им става ластици на клештите. Ако јастогот е многу мал, таа го враќа назад во морето.

„Така пораснав. Тоа не е тешка работа за мене. Можеби би му било напорно на некој друг, но мене ми е убава разонода“, вели таа за „Глоуб“.

Рибарите што ја познаваат велат дека се воодушевени од нејзината упорност, бидејќи оваа работа бара огромна сила и физичка подготвеност.

„Еден ден можеби ќе се пензионирам, но сега ми е рано“, вели Вирџинија.

Share
Scroll to Top