(Видео) НАСА сними мистериозен звук кој доаѓа од вселената

(Видео) НАСА сними мистериозен звук кој доаѓа од вселената

пред 3 години

Од НАСА успеале да снимат звуци кои доаѓат од вселената. Вознемирувачките звуци како што ги нарекуваат некои заговорници, потекнуваат од црна дупка. Тие се снимени со новата технологија на НАСА, а од американската вселенска агенција снимката со звукот ја објавиле на „Јутјуб“.

Од таму велат дека изворот потекнува од длабоко галактичко јато по име Персеј. Тоа е оддалечено 250 милиони светлосни години од Земјата.

„Во јавноста посоти заблуда дека во вселената нема никакви звуци. Најголем дел од луѓето мислат дека таму нема никакви звуци затоа што сметаат дека поголемиот дел од вселената е вакум кој не може да обезбеди медиум за ширење на овие звучни бранови“, велат од НАСА.

За потсетување, меѓународен научен тим пред три години го претстави едно од своите најголеми научни откритија, односно првата направена фотографија на црна дупка.

Црната дупка е со исклучително густ небесен ентитет, и нејзиното гравитационо поле е толку силно и моќно, што ни самата светлина ниту оај материја не можат да побегнат од него.

Ова ја прави црната дупка исклучително тешка за набљудување и покрај нејзината огромна маса. Овој пионерски пофтаф е резултат на проектот Event Horizon Telescope EHT. Овој проект е почнат уште во 2012 година и со него директно се набљудуваат работите и состојбата околу црната дупка.

Набљудувањето се прави со помош на глобална мрежа на телескопи, пренесува „Ројтерс“. Хоризонтот на настани околу самата црна дупка, односно нејзината граница, е точка од која нема враќање. По таа точка сите ѕвезди, планети, гас, прашина и облици на електромагнетно зрачење, заминуваат во неповрат и заборав.

Проектот целел на две супермасовни црни дупки, кои се наоѓале во средиштето на различни галаксии. Со ова истражување ќе се тестира општата теорија на Ајнштајн за релативност од 1915 година, која ги објаснува законите на гравитацијата и нивниот однос кон другите природни сили.

Теоријата на Ајнштајн дозволува предвидување на големината и обликот на црната дупка. Ако се испостави дека тоа предвидување не е точно, ќе биде потребно преиспитување на оваа теорија, велат од НАСА.

Share
Scroll to Top