(Видео) Најскапата кола продадена лани е стара 86 години

(Видео) Најскапата кола продадена лани е стара 86 години

пред 2 години

Аукциската куќа „Гудинг енд компани“ лани продала возила во вредност од околу 125 милиони долари, а повеќето од нив се стари модели на коли. Највисока цена ја достигна Bugatti Type 59 Sports од 1934 година, кој е продаден за 12.681.550 американски долари. Оваа оваа цена е за милион долари помалку тоа што барал продавачот.

Станува збор за спортски модел од францускиот производител што првпат се појавил во 1922 година, а во следните години учествувал на разни Гранд При трки и постигнал одлични резултати. Колата победила на патеката „Спа“ во Белгија, а на трката во Монако завршила на третото место.

Share
Scroll to Top