(Видео) Не можела повеќе да се грижи за своето бебе, па го оставила пред домот на девојката на нејзиното поранешно момче

(Видео) Не можела повеќе да се грижи за своето бебе, па го оставила пред домот на девојката на нејзиното поранешно момче

пред 6 месеци

Американката Мелиса Кели (33) од Флорида е обвинета за занемерување на нејзиното бебе. Таа го оставила пред домот на девојката со која се забавувал поранешниот нејзин дечко Клејтон Зинк.

Безбедносната камера од куќата го снимила целиот настан. Безбедносните камери на куќата, ја снимиле Кели со бебето како ѕвони, а потоа се оддалечува од вратата.

Патрисија Тилман е жената пред чија куќа била оставено детето. Таа повикала полиција, откако Кели се оддалечила од нејзината врата.

Патрисија на полицијата и кажала дека Кели ненадејно ѝ се појавила пред вратата од нејзината куќа, во неделата вечерта. И кажала да не го допира детето, затоа што имало шуга.

Таа изјавила и потврдила дека нејзината ќерка и Зинк биле заедно и во врска. Тамошните медиуми пренесуваат дека Кели наводно ѝ рекла на Патрисија да не се грижи и дека Зинк ќе дошол да го земе бебето. Но, тој никогаш не се појавил.

Покрај бебето, таа оставила и празно шише, две валкани пелени, како и конзерва со бебешка храна. Патрисија на полицијата им кажала дека никогаш претходно не знаела за Кели и дека до тој момент, таа не го знаела ништо ниту за неа ниту за бебето.

Полицијата ги известила и родителите на Зинк, но тие одбиле да го земат детето. Локалните медиуми пренесуваат дека Кели испратила порака и до своето семејство во кои им напишала и ги молела да не ја приморуваат да го фрли своето бебе во ѓубре.

Медиумите пренесуваат дека Кели откако раскинала со Зинк, му се заканила дека ќе се убие. Полицијата го следела нејзиниот телефон и пронашла каде се крие во шумата. Таа сега е уапсена, а социјалната служба ја превземала грижата за бебето.

 

Share

AnimeHeaven animeheavenru: Attack on Titan Final Season Episode 16

AnimeTV online anime tv: Dragon Ball Z (Dub) Episode 291

Scroll to Top