Иконата на југословенската автомобилска индустрија, Застава 750, која популарно ја нарекуваат „фиќо“, е вистинска сензација на зимскиот ски центар Копаоник во Србија.
Тиктокерот потпишан како „jocatf“ објави неколку видеа со фиќото на Копаоник и собра илјадници лајкови и стотици позитивни коментари.
@jocatf Sa letnjim gumama na Kopaonik 😁 #fica #zastava #kopaonik #car #rokam #jocatf #viral #funny #speed
Станува збор за црвено „фиќо“ со нишки регистарски таблички, кое без проблем се движи по завеаните планински патишта. На едно видео се гледа дека наидува на угорница, но и тоа не претставувало проблем. Фиќото поминува низ патишта каде веројатно би заглавиле многу модерни автомобили. Интересно е што сопственикот на фичото тврди дека неговата „Застава 750“ има летни гуми.
Овој мал автомобил, кој неофицијално беше прогласен за национална класа, создаден во соработка со Фиат, престана да се произведува во 1985 година, а првиот примерок од тогашната крагуевачка фабрика Завод „Црвена Застава“ излезе во 1955 година.
@jocatf Leteci start FICE na SNEGU 😁 #speed #funny #viral #jocatf #rokam #car #kopaonik #zastava #fica #fyp