(Видео) Новак Ѓоковиќ за подарок доби златен рекет

(Видео) Новак Ѓоковиќ за подарок доби златен рекет

пред 1 година






Производителот на спортска опрема „Хед“, на Новак Ѓоковиќ му подари златен рекет тежок осум килограми. Рекетот му го подари откако тенисерот го освои „Ролан Гарос“.

„Сè уште е неверојатно. Сè уште во главите го вртиме филмот од она што го направи Новак. За да го прославиме овој успех и посебен момент на најдобар можен начин, договоривме уметник да создаде златна реплика на рекетот на Новак. Овој трофеј е направен специјално поради новиот рекорд на Новак, од 23. Грен слем титули“, објавија од „Хед“.

Ѓоковиќ ќе има шанса да го освои 24. Грен слем на Вимблдон. Турнирот во Лондон е закажан од 3 до 16 јули.






Share
Scroll to Top