Босанка за временските услови по земјотресот во Турција, врне снег на места каде не паднало 10 години

Босанка за временските услови по земјотресот во Турција, врне снег на места каде не паднало 10 години

пред 1 година

Претседателката на здружението на Босанки во Турција, „Замбак“, Надира Бешировиќ Илгар зборуваше за временските услови по земјотресот кој се случи во Турција. Рече дека нешто чудно се случува и дека луѓе виделе снег на места каде што 10 години претходно не врнело.

„Нешто чудно се случува со времето во последните неколку дена. Врне снег на места каде што досега десет години не заврнало“, рече Надира и додаде дека во моментов на терен има 53.000 спасувачи кои се трудат да стигнат до повредените.

„Во моментов евидентирани се 3549 загинати и има 22.168 повредени, но бројката расте од минута во минута. Контактирам со здруженијата на жени со потекло од Балканот, а откако се случи земјотресот, во комуникација сме со жените кои живеат во областите околу турските градови“, рече Надира.

Наведе дека повеќето од жените се добро и дека се со семејствата, но има и такви кои се надвор од своите домови.

„Штотуку ме контактираше една жена и рече дека е безбедна и дека со нејзината ќерка се спасени откако минале два дена под рушевините на студот. Имам информација и за жена која си ја скршила ногата додека бегала од земјотресот. За среќа во моментов нема луѓе повредени од нашето подрачје“, рече Надира.

За потсетување, изминатиот период во јавноста се ширеа шпекулации и теории дека земјотресот е вештачки предизвикан од ХААРП системот, кој покрај тоа што се шпекулира дека може да предизвикува потреси, исто така може да се манипулира и со временските неприлики.

Сепак турските експерти и геофизичари ги нарекоа ваквите наводи за глупост.

Теоретичари тврдат дека ХААРП-системот го предизвикал земјотресот во Турција, за експертите тоа е глупост

 

Share
Scroll to Top