(Видео) Облак со ликот на кралицата виден на небото над Британија

(Видео) Облак со ликот на кралицата виден на небото над Британија

пред 2 години

Облак со ликот на кралицата Елизабета Втора бил забележан на небото над Британија, брзо по нејзината смрт. На интернет кружи фотографија која ја објави Британката Леан Бетхел, објаснувајќи дека фотографијата ја направила од автомобил додека се враќала дома.

dobivaj vesti na viber

„Се возев кога ќерка ми Лејси почна да вика и да покажува со прст кон небото“, рече Бетхел.

Друга Британка, Алис, исто така сподели фотографија од облак кој изгледа како страничен профил од кралицата.

„Сопругот виде на небото шарен облик кој потсетува на кралицата и тоа на денот кога почина“, рече Алис. Брзо потоа голем број Британци ги споделуваа фотографиите.

„Можеби е некаков знак или можеби сите ние бараме некаков знак од горе. Кој да знае? Сè што знам е дека оваа дама го посвети животот на нас со најголема почит. Секогаш внимава на нас“, напишаа тие.

Други напишаа дека нејзиниот лик во облаците може да се види само ако се потрудите да го најдете, додека некои тврдат дека воопшто не се гледа.

Од вчера низ земјата се забележуваат временски феномени кои некои од Британците ги објаснуваат како знаци. Двојно виножито се појави над Бакингемската палата веднаш откако беше официјално објавено дека кралицата починала.

Share
Scroll to Top