(Видео) Прекрасната божиќна традиција на навивачите на Бетис, фрлаа плишани мечиња за сиромашните деца

(Видео) Прекрасната божиќна традиција на навивачите на Бетис, фрлаа плишани мечиња за сиромашните деца

пред 2 години

Навивачите на Бетис пред почетокот на мечот со Реал Сосиедад, во шпанското фудбалско првенство, фрлаа плишани мечиња на теренот. Тие ги фрлаа мечињата кои потоа им беа подарени на сиромашните дечиња во градот Севиља.

Оваа традиција се случува секоја година на последниот домашен натпревар на Бетис, кога навивачите со цел да им ги направат божиќните празници поубави на сите деца, доаѓаат со подароци кои тие не можат да си ги дозволат.

Share
Scroll to Top