Ни Македонците не би го препознале: Хрватските фанови незадоволни од споменикот на Тоше во Нова Градишка

пред 2 години

Откако вчера во Нова Градишка свечено беше откриен споменикот на Тоше Проески, фановите на починатиот пејач велат дека статуата воопшто не им се допаѓа. Преку коментарите на социјалните мрежи, тие велат дека не се задоволни од тоа како уметникот го направил ликот на Тоше и дека од парите што ги зел треба да си купи нови очила. Едни велат дека им личи на Тома Здравковиќ, други дека ни Македонците не би го препознале.

„Добро е што пишува дека е Тоше, никогаш немаше да го препознаам“, велат незадоволните обожаватели.

Статуата на Тоше ја изработи скулпторот Славко Буниќ, а на откривањето во Нова Градишка присуствуваа и амбасадорот на Македонија Милаим Фетаи, градоначалникот на Нова Градишка Винко Гргиќ и градоначалникот на Крушево Томе Христовски.

(Галерија) Свечено откриен споменикот на Тоше Проески во Хрватска: Статуата е симбол на пријателството меѓу Крушево и Нова Градишка

Share
Scroll to Top