(Видео) Новиот бетмобил е поинаков од претходните, Мет Ривс ќе вози комбинација на „шевролет“ и „форд мустанг“

(Видео) Новиот бетмобил е поинаков од претходните, Мет Ривс ќе вози комбинација на „шевролет“ и „форд мустанг“

пред 3 години

Новиот бетмобил, кој ќе го вози Мет Ривс во улогата на Бетмен, е сосема поинаков од своите претходници. Единственото заедничко нешто им е системот на млазен погон, кој исфрла пламен, како оној што го возеше Мајкл Китон во филмот на Тим Бартон од 1989 година.

Предниот дел е преземен од Chevrolet Camaro од 60-тите години од минатиот век, а другите елементи се инспирирани од Ford Mustang и Dodge Charger. Фановите имаа можност да го видат во неколкуте сцени од новиот трејлер за Бетмен, кој беше објавен изминатиот период.

Повеќе личи на класична американска лимуѕина со мали модификации и е подготвен за борба против криминалот, коментираат филмските експерти. Покрај трејлерот, фановите имаа можност да го видат новото возило и пред хотелот „Ворнер Брус“ во Абу Даби.

Социјалните мрежи се преплавени со фотографии од него од повеќе агли. Забележителни се широките браници и хауба под која се наоѓаат црвени светла. За жал, нема фотографии од задниот дел, па претпоставката дека моторот се наоѓа таму засега не е потврдена.

За потсетување, премиерата на филмот е закажана за март 2021 година. Главната улога ја има Мет Ривс, кој ќе го толкува ликот на Брус Вејн, кој во младоста го брка серискиот убиец познат под прекарот Прашалникот.

Share
Scroll to Top